Кампања

Кампања „Еден за друг“

Фондацијата Албиз во рамки на проектот ја спроведува кампањата „Еден за друг“.

Кампањата има за цел мобилизирање на јавната грижа за да се постигне општествена цел кај жителите од општините Сарај, Желино, Брвеница и Теарце, но и пошироко.

Сите може да придонесат

Кампањата ќе помогне да покаже дека не е само општината или централната власт која е загрижена за проблемите во заедницата, туку и поединецот, членовите на месните заедници, активистите на граѓански организации, бизнис заедницата. Успешна кампања е онаа каде заеднички, сите вклучени страни ќе придонесат за решавање на одреден проблем во заедницата.

Граѓаните да зборуваат и да дејствуваат

Кампањата „Еден за друг“ не само што ќе ја едуцира јавноста, туку и ќе ги мотивира граѓаните да зборуваат и да дејствуваат во поддршка на решавање на проблемите во заедницата.

Иницирај проект

Кажи ја твојата приказна и образложи ја твојата идеја/твојот проект