За нас

За проектот

Оваа програма е дел од иницијативата Local Works на УСАИД Северна Македонија, која има за цел да ги зајакне локалните актери да преземат водство во идентификувањето и справувањето со развојните предизвици во нивните заедници.

Целта на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците е да се зголемат инвестициите на приватниот сектор што ќе резултира со позитивно општествено влијание и подобрување на животниот стандард за сите граѓани во четири општини во северозападниот дел на земјата (Сарај, Желино, Брвеница и Теарце).

Овој проект им помага на бизнисите да станат препознатливи двигатели на развојот предводен од иницијативи на локално ниво, со цел заедно со локалните граѓани, граѓанските организации, општинските власти и други интересни групи да генерираат идеи, да развиваат проекти и да мобилизираат ресурси за нивно спроведување.

 

Преку воведување и подобрување на постоечкиот модел за корпоративна општествена одговорност на Фондацијата Албиз, проектот има за цел да воспостави ефективни, одржливи механизми за решавање на проблемите на заедницата. Посебен фокус е ставен на промовирање на активното учество на младите, жените и другите ранливи категории граѓани за да се подготват проекти кои ќе ги задоволат нивните специфични потреби.

Цели на проектот

Зголемување на инвестициите на приватниот сектор во проекти со широко социјално влијание. Создавање меѓусекторски партнерства за развој предводен од иницијатива на локално ниво.

Партнери

Проектот го спроведува Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз во партнерство со Omnium Coaching & Тренинг и Даути Комерц.

Заедно можеме

Како до развој од иницијативи на локално ниво?