Спортското игралиште е свечено отворено во рамките на ОУ „Фан Ноли“ во Требош

Спортското игралиште е свечено отворено во рамките на ОУ „Фан Ноли“ во Требош

Во соработка помеѓу локалната заедница, основното училиште, општина Желино, посветените поединци, бизнисот и Фондацијата Албиз, ОУ „Фан Ноли“ од с. Требош, неодамна доби модерен спортски терен. Оваа иницијатива, започната со заедничка заложба на жителите и за благосостојбата на најмладите членови на нашата заедница, означува важен чекор за поздрав и поактивен животен стил кај учениците од основното училиште.

Реновираното спортско игралиште сега е доказ за иницијативите предводени од заедницата и позитивното влијание што тие можат да го имаат врз животот на децата. Заедничките напори на заедницата, локалната власт, бизнисите и дарежливите поединци не само што го трансформираа некогаш руинираниот терен, туку создадоа и средина каде што може да се одвива здрава физичка активност.

Оваа иницијатива е ко-финансирана од USAID North Macedonia преку нашиот проект Инвестиции со општествено влијание во заедниците имплементиран од Фондацијата Албиз.