
Тимот на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците реализираше студиска посета во Велика Британија
За време на нивната посета, тие се сретнаа со некои од водечките организации и фондации (Access – The Foundation for Social Investment, Big Society Capital, School for Social Entrepreneurs, Local Trust, The National Lottery Community Fund) во светот на инвестициите во заедницата, добивајќи нови знаења и создавајќи односи што ќе помогнат да се поттикнат позитивни промени во земјата.
Овие состаноци беа повеќе од дискусии, тие беа можност за учење, соработка и да се поттикнат партнерства кои ќе бидат од корист за нашите проекти во заедницата.
Исто така, нашиот тим имаше задоволство да посети различни иницијативи на заедниците.
Проектот е поддржан од USAID North Macedonia.