
Соработка и поддршка: Претставничката на УСАИД Северна Македонија се среќава со персоналот и младинските клубови на нашиот проект
Денеска ја имавме честа да бидеме домаќини на претставниката на УСАИД за Северна Македонија во канцеларијата на нашиот проект за “Инвестиции со општествено влијание во заедниците”. Г-ѓа Џери Дајбл оствари средба со тимот на проектот, како и со младинските клубови од 4-те општини во кои е присутен нашиот проект.
Благодарни сме за нејзината поддршка и со нетрпение очекуваме да продолжиме со нашата работа за зајакнување на следната генерација на лидери.