Тркалезна маса во Сарај: Партнерства за одржлив развој на заедницата

Тркалезна маса во Сарај: Партнерства за одржлив развој на заедницата

На 12 декември 2024, во просториите на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците, во општина Сарај, се одржа тркалезна маса на која учествуваа претставници од приватниот сектор, градоначалникот на општина Сарај и претставникот на УСАИД во Северна Македонија, г. Крешник Груби. Оваа средба послужи како можност да се разговара за сегашните и идните случувања во општината, вклучително и завршените проекти и новите иницијативи, и да се нагласи важноста на соработката помеѓу локалната самоуправа и приватниот сектор.

Клучните точки на дискусија вклучуваа ажурирања за успешните проекти кои се имплементирани досега, напредокот на тековните иницијативи и нивното влијание врз заедницата, како и можностите за развој на нови проекти кои ќе одговорат на потребите и приоритетите на жителите на Сарај. Градоначалникот ги сподели целите за развој на општината и ги истакна можностите за соработка со приватниот сектор, додека извршните директори на поголемите локални компании разговараа за предизвиците и можностите што ги нуди деловното опкружување и како тие можат да придонесат за економски раст на општината.

Овој состанок беше обележан со акцент на важноста од градење партнерства помеѓу клучните засегнати страни за да се создадат заеднички вредности и да се придонесе за одржлив развој на заедницата. Со ангажман на локалната власт, приватниот сектор и граѓаните, проектот SIIC останува посветен на промовирање на одржливиот развој и подобрување на условите за живот во Сарај.

Тркалезната маса беше важен чекор во создавањето нови можности за соработка и трансформација во оваа општина, помагајќи да се исполнат идните развојни цели.