
Сензорна соба: Нов простор за поддршка на учениците со попреченост во училиштето „Фаик Коница“ во Радуше
Основното училиште „Фаик Коница“ во Радуша, од денеска им нуди на учениците со попреченеост терапевтски простор со разновидна опрема, која им помага на децата да се релаксираат и концентрираат, и да бидат подобро подготвени за учење и интеракција со своите врсници.
Оваа сензорна соба беше овозможена преку нашиот проект за „Инвестиции со општествено влијание во заедниците“ финансиран од УСАИД Северна Македонија.