
Дискусија за приоритетите на заедницата во Сарај во рамките на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците
Денес одржавме работна средба со градоначалникот на општина Сарај, претседателот на општинскиот совет Мухамед Рамадани како и со секретарот на општината Сефи Шабани.
Во средбата се дискутираа идентификуваните приоритети на селаните во рамки на проектот “Инвестиции со општествено влијание во заедниците”, подржан од УСАИД, спроведуван од Фондација Албиз во партнерство со Omnium Coaching & Training и Даути Комерц.