
Во Сарај продолжува кампањата „Од врата до врата“ за промовирање на инвестиции со општествено влијание
Во ноември, кампањата „Од врата до врата“ продолжи со промотивните активности во општина Сарај. Дел од оваа активност беа членовите на младинскиот клуб, кои посетија неколку села, меѓу кои Сарај, Свиларе, Радуша, Рашче, Лока, Матка, Арнаќија, Семениште и Чајлане.
За време на кампањата беа посетени околу 135 домови и беа поделени 1.100 информативни летоци за проектот „Инвестиции со општествено влијание во заедниците“. Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста на жителите за придобивките и можностите што ги носи овој проект, а истовремено да го поттикне активното учество на граѓаните во развојните иницијативи.
Постојаниот ангажман и соработка со заедницата се од суштинско значење за успехот на проектот и за градење на поодржлива и инклузивна средина. Кампањата „Од врата до врата„ се покажа како ефикасна алатка за директно поврзување со граѓаните и зголемување на можностите за одржлив развој.