
Инвестициите на компаниите во заедниците како дел од општествената одговорност на корпорациите
Дали знаете дека домашните и меѓународните компании инвестираат во заедниците каде што делуваат со цел да им го подобрат квалитетот на живот на граѓаните? Овие активности на компаниите се дел од кoорпоративната општествена одговорност која се реализира преку овие инвестиции.
Четиригодишниот проект “Инвестиции со општествено влијание во заедниците” поддржан од УСАИД и спроведуван од Фондација Албиз во партнерство со Omnium Coaching & Training и Даути Комерц има за цел овој постоечки модел на поддршка да го реплицира во четири општини во Северна Македонија.