
Општина Брвеница го поздравува основањето на локалниот развоен совет и младинскиот клуб во рамките на проектот за Инвестиции со општествено влијание во заедниците
Денеска, во рамки на проектот „Инвестиции со општествено влијание во заедниците“, во Општина Брвеница се одржа состанок за формирање на Совет за локален развој и Клуб на млади. На средбата беа презентирани 19 приоритети идентификувани од жителите на оваа општина.
Овој проект е поддржан од USAID North Macedonia, партнери во проектот се Omnium Coaching & Training и Даути Комерц.