Промовирање на промени во заедницата преку истражување и застапување

Промовирање на промени во заедницата преку истражување и застапување

На 7 и 8 јуни 2024 година , во NB Hotel & Spa во Тетово, се одржа обука за истражување базирано на застапување за засегнатите страни на локално ниво. Оваа обука имаше за цел да ги опреми учесниците со знаењата и вештините неопходни за спроведување на истражување кое ги поддржува напорите за застапување и промовира позитивни промени во нивните заедници.

На овој настан учествуваа претставници од Брвеница, претставници на локалната самоуправа, лидери на заедниците и претставници на невладини организации и младински клубови. За време на интерактивни сесии и практични вежби, учесниците имаа можност да го продлабочат своето знаење за важноста на соработката помеѓу различни актери за застапување за локални прашања.

Обуката имаше за цел да ги поттикне учесниците да иницираат и имплементираат проекти или активности кои се однесуваат на потребите на заедницата, преку пристап заснован на податоци. Учесниците ги напуштија обуките со подлабоко разбирање за важноста на истражувањето засновано на застапување и неговото потенцијално влијание врз одржливиот развој на заедницата Брвеница.