
Реновирањето на ОУ „Гоце Делчев“ во село Радиовце, успех на соработката на заедницата
Жителите на село Радиовце од општина Брвеница, успеаа да го реновираат основното училиште „Гоце Делчев“. Со здружување на силите, месната заедница, Општина Брвеница / Komuna e Bërvenicës, приватниот сектор, диаспората и нашиот проект, им овозможија на учениците од ова училиште подобри услови за учење.
Оваа активност беше спроведена во рамките на нашиот проект за Инвестиции со општествено влијание во заедниците поддржан од USAID North Macedonia.