Инспиративен состанок со Младинскиот клуб од Сарај

Инспиративен состанок со Младинскиот клуб од Сарај

Тимот на проектот „Инвестиции со општествено влијание во заедниците“ (СИИЦ) одржа инспиративна средба со Младинскиот клубот на општина Сарај, отворајќи важен дијалог за младинскиот ангажман и можностите за развој на заедницата.

Дискусиите беа богати со идеи и размислувања за предизвиците и можностите со кои секојдневно се соочуваат младите од Сарај. Одржливоста на животната средина, образовните можности и промоцијата на културните активности беа меѓу главните теми што се обработуваа, нагласувајќи ја улогата на младите како клучен фактор за одржливиот развој на заедницата.

Учесниците изразија ентузијазам и посветеност да преземат конкретни иницијативи, додека тимот на SIIC сподели искуства и стратегии за управување со проекти и мобилизација на ресурси. Еден од главните исходи на средбата беше идентификацијата на можностите за соработка, вклучително и организацијата на настани во заедницата, работилници и кампањи за подигање на свеста, прилагодени на потребите и интересите на младите.

Оваа средба не беше само размена на идеи, туку конкретен чекор кон создавање силно партнерство. Енергијата и желбата на младите да придонесат за заедницата се јасен доказ за потенцијалот што младите го имаат да донесат реални промени. Со оптимизам и посветеност, SIIC и Младинскиот клуб Сарај ќе продолжат да работат заедно за изградба на подобра иднина за сите.