
Првиот состанок со локалните заедници и претставниците на граѓанскиот и бизнис секторот во општина Желино за проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците
Денес се одржа првата средба со месните заедници, претставници на граѓанскиот и приватниот сектор од општина Желино. Во текот на средбата беше презентиран проектот „Инвестиции со општествено влијание во заедниците“. Граѓаните имаа можност да се запознаат со проектот, како и да дискутираат околу проблемите во заедницата. Проектот е финансиарн од УСАИД, а го спроведуваат Фондација Албиз во партнерство со Omnium Coaching&Training и Даути Комерц.