
Обуки за управување со проекти: Оспособување на организации и младински клубови во четирите општини вклучени во проектот за “Инвестиции со општествено влијание во заедниците”
Во текот на месец Јуни ги реализиравме дводневните обуки од првиот модул за Менаџирање со проекти. Во овие обуки учествуваа 32 учесници од локални организации, од локалните развојни совети и младинските клубови на 4 општини опфатени во нашиот проект за Инвестиции со општествено влијание во заедниците, подржан од УСАИД Северна Македонија. Учесниците имаа можност да учат и да се обучуваат во проектниот циклус од идеја до реализација.