Развој на општината Желино: средби во рамките на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците

Развој на општината Желино: средби во рамките на проектот Инвестиции со општествено влијание во заедниците

Продолжуваме со средбите во рамки на нашиот проект за Инвестиции со општествено влијание во заедниците, поддржан од УСАИД Северна Македонија, имплементиран од Фондација Албиз во партнерство со Omnium Coaching & Training и Даути Комерц. Овој пат бевме на работна средба во општина Желино каде дискутиравме околу приоритетите на селаните од оваа општина како и наоѓање на решенија на проблемите.