Образованието во фокус

ден Pledged
0 Backers
0 Days Left
Raised:
0%
Goal: 3.690.000 ден
Minimum amount is ден Maximum amount is ден
ден
22 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Основното училиште „Перпарими“ во село Крушопек, општина Сарај, е во процес на проширување со нови простории за подобрување на условите за настава и задоволување на дополнителни потреби.

Како дел од оваа иницијатива ќе се изгради современа училница која ќе служи за развивање практична настава и специјализирани активности по предметот биологија, нудејќи им на учениците подобри можности за учење и академски развој. Исто така, ќе се средат нови канцеларии кои ќе помогнат за поефикасно функционирање на училишната администрација.

Оваа интервенција е неопходна за да се обезбедат оптимални услови за учениците и наставниците, создавајќи модерна и соодветна средина за учење. Со ова проширување училиштето ќе може да понуди повеќе простор за развој на воспитно-образовните активности и да придонесе за посветла иднина на новите генерации.

Ве покануваме да станете дел од оваа важна иницијатива и да придонесете за реализација на овој проект!

Секoја помош, без разлика дали е финансиска или материјална, ќе биде важен чекор кон обезбедување поквалитетно образование за нашите деца.