Подобри услови за фудбалерите

ден Pledged
0 Backers
0 Days Left
Raised:
0%
Goal: 1.590.000 ден
Minimum amount is ден Maximum amount is ден
ден
22 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Локалните спортови заслужуваат поддршка! Како дел од подобрувањето на условите за спортистите и спортската јавност, се реновираат соблекувалните на фудбалскиот стадион во Брвеница. Овој проект има за цел да создаде по функционална и модерна средина за играчите на фудбалскиот клуб и сите спортски ентузијасти.

Реновирањето ќе опфати и реконструкција на внатрешноста на соблекувалните за да се обезбеди поголема удобност и функционалност за играчите. Дополнително, ќе се спроведат подобрувања на санитарната инфраструктура, вклучително и реновирање на тушеви и тоалети, како и осветлување и молерисување на внатрешните и надворешните простори за поатрактивен и поудобен простор за сите корисници.

Оваа инвестиција директно ќе влијае на развојот на локалниот спорт, обезбедувајќи подобри услови за клубот и спортската заедница Брвеница. За овој проект да стане реалност, потребна е поддршка од сите оние кои веруваат во важноста на спортот и квалитетната инфраструктура.

Придружете се на оваа иницијатива и помогнете да се подобрат условите за спортистите и младите кои сонуваат да играат во побезбедна и помодерна средина!