Реконструкција на инфраструктурата на основното училиште во Радиовце: Обединети за подобро образование

ден Pledged
0 Backers
0 Days Left
Raised:
0%
Goal: 1.400.511 ден
Minimum amount is ден Maximum amount is ден1400511
ден
22 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Општина: Брвеница | Целна област: село Радиовце | Име на проектот: Реконструкција на инфраструктурата на основното училиште во Радиовце

Ве покануваме да станете дел од една важна иницијатива – реконструкција на инфраструктурата на основното училиште “Гоце Делчев”во прекрасното село Радиовце, кое се наоѓа во општина Брвеница во близина на градот Тетово во Северна Македонија. Според пописот од 2002 година, во Радиовце живеат 1.049 жители. Со различна етничка комбинација. Поголемиот дел од училиштето е во лоша состојба, што дополнително го отежнува спроведувањето на воспитно-образовниот процес. Жителите на ова село кои се во подобри материјални услови почнаа да ги запишуваат децата во приватно училиште во село Брвеница. Заинтересираност за инвестирање во основното училиште во кое моментално учат нивните деца изразија неколку сопственици на бизниси од селото.

Проектот има за цел да ги подобри условите за учење и работа за учениците и вработените во основното училиште во Радиовце, село во општина Брвеница во близина на Тетово во Северна Македонија. Проектот опфаќа реконструкција на инфраструктурата на училиштето, вклучително целосно обновување на внатрешните ѕидови, поправка на врати, замена на прозорците, поставување на ново осветлување според стандарди, реконструкција на дел од таванот, набавка на нови опрема неопходна за обезбедување на современи услови за студентите, надворешни фасади, нови огради, садење дрвја и сл. Исто така, игралиштето ќе биде обновено со нова опрема. Овој проект ќе има позитивно влијание врз севкупниот развој на заедницата преку подобрување на квалитетот на образованието и подигање на свеста за важноста од инвестирање во образованието.

Ве повикуваме да придонесете за реконструкција на инфраструктурата на основното училиште во Радиовце. Вашата поддршка не само што ќе создаде безбедно место за учениците, туку и ќе придонесе за одржлив и здрав развој на селото. Заедно да изградиме подобро утре. Донирајте сега!