Децата заслужуваат повеќе

ден Pledged
0 Backers
0 Days Left
Raised:
0%
Goal: 1.000.000 ден
Minimum amount is ден Maximum amount is ден
ден
22 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Безбедна и погодна средина за учење е клучно за квалитетно образование. Поради оваа причина, преземена е важна иницијатива за реновирање на основното училиште „Коста Рацин“ во село Долно Седларце, општина Брвеница. Целта на овој проект е да се создадат подобри услови за учениците и наставниот кадар, преку зголемување на удобноста и енергетската ефикасност на училиштето.

 

Во рамки на реновирањето се предвидени низа неопходни интервенции како што е реновирање на внатрешни простори (училници); замена на прозорци за подобрување на топлинската изолација и заштеда на енергија; подобрување на осветлувањето и замена на старата електрична мрежа; внатрешно молерисување на просториите; поставување на фасадата за подобрување на енергетската ефикасност.

 

Оваа иницијатива има за цел да обезбеди побезбедна, помодерна и поинспиративна средина за сите ученици и наставници. Трансформацијата на училиштето директно ќе влијае на квалитетот на образованието и на благосостојбата на локалната заедница.

 

Бидете дел од промената!